Кратка информации за медиумската средина во Македонија

Имајќи ја предвид моќта на медиумскиот дискурс[1], мошне е важно истражувањето на медиумската репрезентација на проблемот на дрогите.  Генералната состојба на медиумите во Македонија е доста слична со состојбите во останатите Балкански држави, но сепак силно моделирана од специфичниот Македонски општествен, културен и политички контекст. Во Македонија постојат голем број на медиуми, како печатени така и електронски. Радиото како медиум многу малку се користи во „новинарска“ смисла и служи пред се` за забава, музика, пренесување кратки информации за локални културни збиднувања. Новински веб страници речиси и да нема. Единствени кои постојат независно од другите т.н. традиционални медиуми е интернет страницата Кирилица. Останатите се официјални веб страници на новински агенции и елетронски и печатени медиуми кои своите вести ги објавуваат и онлајн. Длабоката политизараност и идеолошките јазови кои се последица на оваа политизација на Македонското општество не ги оставија имуни ниту медиумите во Македонија. Така, неофицијално можеме широкиот медиумски спектар во Република Македонија генерализирачки да го поделиме на два дела: конзервативен и либерален. Во овој контекст сосема е очекувано медиумите кои се ориентирани повеќе кон конзервативната идеолошка рамка да пристапуваат многу подискриминаторски и поригидно кон проблемот на дрогите, отколку оние полибералните. Сепак ова истражување, како и останатите истражувања спроведени на оваа и слични теми во Република Македонија покажуваат не толку големи разлики во медиумскиот третман на темите поврзани со дрогите и лицата кои употребуваат дроги. Реториките се секако различни, меѓутоа најчесто во сите случаи се движат во рамката на говор на омрза, нетолеранција, отсуство на способност за детектирање на дискриминација, сензационалистички пристап или навредлив хумор.

 


[1] „Медиумски дискурс е широк термин кој може да реферира на начините на кои реалноста е репрезентирана во електронските и печатени медиуми, од телевизија до весник.“ (O’Keeffe, Anne Maria, Investigating media discourse,  Taylor & Francis e-Library, 2006, p. 1.)

Превземања

Нема

Профил на земјата

The amphetamines in France