Сина Точка e основана 1996 година, и во моментов работи како организација од јавен интерес. Во периодот на нејзиното основање, сметавме дека во Унгарија недостасуваа институции кои ќе даваат темелна и координирана здравствена грижа, социјални и правни услуги за корисниците на психоактивни супстанци. Корисниците на дрога не можат да се третираат само од медицински аспект, затоа што имаат многу проблеми.
Исто така, сметавме дека не постоеше грижа за потребите на нашите клиенти од аспект на опоравување и подобрување на квалитетот на нивните животи. Во 1996 година, сметавме што сметаме и денес: дека дури и ако корисникот на дрога не сака да се откаже од користење дрога, тој/таа сепак има потреба од внимание, а штетите кои произлегуваат од користењето на дрога мораат да се намалат.
Во креирањето и развојот на нашите активности, обрнуваме особено внимание на фактот што корисниците на дрога се сèуште крајно стигматизирана група во општеството. Нашата цел е да се даде комплексна заштита на нивните интереси, и долгорочно, да се промовира промена во ставовите во општеството. Важен елемент на нашиот професионален приод кон зависностите е што не правиме разлика помеѓу корисниците на легализирани и забранети дроги. Важна задача за Сината Точка е да ги третира проблемите од масивни зависности, кои, иако не изобилуваат во Унгарија, не се земаат сериозно. Овие проблеми го вклучуваат алкохолот и никотинската зависност, како и зависнички однесувања, од типот на алкохолизам, коцкање, пореметувања во исхраната, итн., кои од неодамна се актуелни во јавноста.
Со цел да ги постигнеме овие цели, се обидовме да изнајдеме соодветна организациска форма за реализација на нашите задачи, ја основавме Фондацијата Сина Точка, која е непрофитна и невладина организација (НВО). Во моментов, имаме околу 50 колеги, вклучувајќи и волонтери, кои работат во 2 дневни центри, превентивни работни групи во различните програми за намалување на штети – Сервис за забави, Контактни програми - ” Dzsumbuj” Програмата.

With financial support from Drug Prevention and Information Programme of the European Union. This website has been developed with the assistance of the European Union. The contents inside are the sole responsibility of the implementing organizations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.