Фондацијата Иницијатива за здравје (Initiative for Health Foundation – IHF) е невладина организација формирана на крајот од 1997 година, од неколку лица професионалци на полето на дрогата. Главната цел на организацијата е да му помогне на општеството да изнајде соодветен одговор на феноменот на дрогата и да разработи широк дијапазон на услуги и активности за поддршка на корисниците на дрога.
Главните активности на Иницијативата за Здравје се насочени кон намалување на здравствените и социјални штети, предизвикани од употребата на дрога; превенција на ХИВ/СИДА кај корисниците на дрога кои не се лекуваат од зависност и кај ранливите групи, од типот на сексуалните работници и ромското население; обука на професионалци и волонтери за превенција на ХИВ/СИДА кај корисниците на дрога; истражувачки проекти во областа на употребата на дрога и ХИВ; напори за заложување за ефективни политики.
Од 1998 па наваму организацијата има теренска програма за превенција на ХИВ и други крвно преносливи инфекции помеѓу интравенозните корисници на дрога кои не се дел од третманите за лекување, и од 2001 па наваму помеѓу сексуалните работници. Во 2003 година, Иницијатива за Здравје го отвори првиот дроп-ин центар за корисниците на дрога во Софија, а во 2006 година, и вториот, во ромска заедница. Во 2008 година, започнавме со метадонска програма во еден од центрите.
Едукацијата на стручни лица и истражувачките активности се исто така важен дел од активностите на IHF. Фондацијата реализираше/учествуваше во девет истражувачки проекти за профилот, однесувањето и потребите на целните групи, благодарение на единствениот и широк пристап до корисници на дрога кои не се згрижени во институции од каков било тип. Едукативните, заложбените и истражувачките работи се преточени во најразлични публикации.
IHF учествуваше во неколку меѓународни проекти, со предимно европски фокус. Членка е на две меѓународни мрежи: Евроазиска Мрежа за Намалување на Штети и Европската Мрежа за Социјална Инклузија и Здравствена Корелација. Организацијата соработува со бројни Европски партнери кои работат на полето на ХИВ превенција и грижа, користење на дрога, сексуална работа и ромски заедници.
Во Бугарија IHF е членка на Националното Координативно Тело за ХИВ/СИДА.

With financial support from Drug Prevention and Information Programme of the European Union. This website has been developed with the assistance of the European Union. The contents inside are the sole responsibility of the implementing organizations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.