01.06.2010  Новинари од 4 Државите вкрстени пердуви ЗА дрога во престижни меѓународен натпревар

Интернационалниот новинарски натпревар претставува дел од информативната кампања во рамките на проектот „Зависни од живот“  финансиран од DG JLS. Во натпреварот можат да земат учество новинари од Бугарија, Франција, Македонија и Унгарија. Кандидатите треба да покажат вистински интерес за здравствените и социјални аспекти на употребувањето на дроги. Предвидена е парична награда во вредност од 1000 евра за најдобрите новинарски материјали на зададената тема во секоја држава. Крајниот рок за предавање на материјалите е 30 септември 2010 година. Претседателот на Македонскиот комитет за селекција   е Зоран Бојаровски , професор на Факултетот за новинарство при Македонскиот Институт за медиуми. Материјалите од Македонија праќајте ги на bojarovski@alfatv.com.mk и femgerila@yahoo.com

Следниве критериуми ќе бидат аплицирани при евалуација на доставените материјали:

  • Интерес за употребата на дроги кај младата популација,
  • Особен фокус на употребата на амфетамини,
  • Релевантноста на материјалите,
  • Плурализам од гледишта и ставови во материјалите,
  • Етика.

Националниот комитет за селекција ќе номинира новинарски материјали кои ќе бидат идентификувани при внимателен медиумски мониторинг во периодот од 1 март до 30 септември 2010 година.

Целокупната процедура на селектирање ќе се одвива во две фази. Во првата фаза од овој натпревар националниот комитет за селекција, кој се состои од 2 експерту за медиуми и координаторот на проектот, ќе номинираат 5 најдобри новинарски материјали на дадената тема од својата држава.

Во втората фаза од натпреварот, интернационално жири ќе ги избере најдобрите од 20те номинирани материјали од секоја држава. Почесен Претседател на интернационалното жири е  Оливер Вујович- Генерален Секретар на SEEMO (South Eastern Europe Media Organization). Четирите награди (парична награда и сертификат) за учесниците на натпреварот од четири држави ќе бидат доделени на официјална церемонија во рамки на затворањето на конференцијата на проектот „Зависни од живот“ во Софија.

За подетални информации околу новинарскиот натпревар ве молиме погледнете ја официјалната интернет страница на проектот:

http://www.addicted2life.eu/mk/contest/conditions/

Што се амфетамини?

Амфетамините претставуваат дел од групата супстанци познати како стимуланси. Тие ја зголемуваат и забрзуваат активноста на централниот нервен систем. Исто така имаат ефект врз срцето и крвните садови- го забрзуваат срцевото отчукување (пулсот) и го зголемуваат крвниот притисок. Амфетамините го зголемуваат нивото на енергија што доведува до зголемено внимание  и свежина. Амфетамините се супстанци со висок ризик за развивање зависност кај корисниците.

18 Јануари 1887 година- За првпат се синтетизирани амфетамините во Универзитетот во Берлин од Романскиот хемичар Lazar Edeleanu (1861-1941)

1932 година- Амфетамините се достапни за јавна продажба од страна на Smyth, Cline & French под заштитниот знак Benzedrine.  Дрогата е продавана без пропишан рецепт како инхалатор за астма.

1937 година- Амфетамините се одобрени за комерцијална дистрибуција од страна на Американската медицинска асоцијација. Тие се продаваат во вид на таблети со со пропишан рецепт.

1970 година- на интернационално ниво амфетамините се класифицирани во категоријата на контролирани супстанци и се препорачани како субјект во легалистичките регулации.