14.01.2010 Тренинг ќе се одржи во Софија
Тренингот ќе се одржи во Софија, во хотел Радисон САС на 26 и 27 Февруари 2010. Тренингот е наменет за млади новинари, студенти или новинари практиканти кои се на почетокот на нивната кариера од Бугарија, Македонија, Унгарија и Франција.
Целта на тренингот е да се развие правилно разбирање на учесниците за природата на употребата на дроги и поконкретно на употребата на амфетамини, придружните ризици и нивното соодветно презентирање во печатените, електронските или интерент медиумите. Обучувачи ќе бидат истакнати експерти од областа на дрогите и/или од новинарството од 5 европски земји.
Организаторот ќе ги покрие сите трошоци за тренингот и тоа:
- повратен авио билет
- три ноќевања ( 25, 26 и 27 Февруари)
- храна за сите денови
- локален транспорт од и до Софискиот аеродром
- Материјали за тренинг

With financial support from Drug Prevention and Information Programme of the European Union. This website has been developed with the assistance of the European Union. The contents inside are the sole responsibility of the implementing organizations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.