Владимир Петрески, www.spic.com

Амфетаминскиот пекол на несреќниот студент

Тој сакаше да се занимава со истото она што го имаа работено неговите предци со генерации. Но, сакаше и да внесе иновации. За разлика од неговите дедовци, тој сакаше да го осовремени проиозводството и да извелче многу повеќе од богатата македонска почва. Па, затоа тргна на факултет. Во најлошото можно време - неколку години по падот на комунизмот, кога не се знаеше кој пие, а кој плаќа, што вреди да се учи, а што ќе заврши на губриштето на историјата на науките.
Кога ги виде испитите што го чекаат, му се стемни пред очи. Тие немаа врска со она што сакаше да го работи. Од него се бараше безмалку да стане научник – напредни курсеви по математика, физика, хемија, биологија и уште купишта други чуда и врагови, кои немаа никаква смисла ниту поврзаност со она што сакаше да го извлече од дедовата почва. Но, со оглед на тоа што беше млад, дозволи да биде наговорен. Му рекоа дека иако има такви предмети, тие немало да бидат тешки, дека материјалот е далеку плесен од она што го учат идните математичари, физичари, хемичари и биолози и дека лесно ќе си помине.
И, го излажаа. Предметите беа напредни и тој мораше да поминува ноќи, учејќи ги најтешките природни науки на денешнината само за да може да се избори за правото на учен начин да се избори за своето парче леб. И тогаш дојде во допир со амфетамините.

Целата статија можете да ја прочитате тука.

Превземања

Нема