Учесници

Владимир Петрески, www.spic.com


Владимир Петрески има повеќе од 15 години новинарско искуство, пишувајки пред се за македонски, но исто така и за словенски и хрватски печатени и интернет медиуми. Исто така има искуство и во невладиниот сектор работејки во повеќе здруженија на граѓани.

Душица Николиќ


Завршив студии по новинарство во Скопје во 2005, а годинава и постдипломски студии по Јавна комуникација на факултетот за журналистика и масовна комуникација во Софија. Во меѓувреме, 4 години имам работено како новинарка во дневниот весник Вест, неделникот Форум Плус, на веб порталот Кирилица и во месечникот Life магазин, покривајќи разни теми, меѓу другото и проблемот со злоупотреба на дрога.

Кристина Озимец, Форум Магазин


Често пишувам за маргинализираните групи во нашето општество, за студентските права, проблемите во образовниот сектор. Бидејки зависноста е предизвик без крај за секоја земја, а луѓето кои употребуваат дроги се едни од најмаргинализираните во Македонија, решив да пишувам за здравствените и социјалните аспекти од употребата на дроги, пред се употребата на амфетамини. Доколку мојот текст “Мојот живот без мене” биде прочитано од едно дете и ќе му помогне да размисли двапати пред да влезе во светот на дрогата , тогаш мојата задача е успешна завршена.