Натпревар

Од почетокот на март 2010 година, ќе започне меѓународен конкурс за медиуми како иницијатива во рамките на информативната кампања за превенција и намалување на ризиците поврзани со употребата на амфетамин - “Зависен од животот”. Конкурсот ќе се спроведува паралелно во четири европски земји - Франција, Унгарија, Македонија и Бугарија. Сите новинари во четирите земји учеснички кои се спремни да пишуваат или да произведуваат материјали поврзани со здравствените и социјални аспекти на употребата на дрога кај младите, се повикуваат да учествуваат на конкурсот.

 Националното жири за Македониja

  Зоран Бојаровски- претседател на комисијата за селекција

Бојаровски е професор на Факултетот по новинарство и јавни односи при Македонскиот Институт за Медиуми. Исто така тој е уредник на Деск одделот и веб страната на Алфа ТВ во Скопје.  Има работено како новинар, уредник, програм директор и продуцент. Автор е на повеќе документарни филмови и има освоено повеќе меѓународни награди. Коавтор е на голем број публикации за медиумите, а како автор и продуцент има учествувано во неколку меѓународни ТВ проекти.

  Влатко Деков- член на жирито

Влатко Деков е Извршен директор на НВО ХОПС од Скопје. По професија е социјален работник и има 11 годишно искуство во областа на зависностите, политиката за дроги и социјално вклучување. Во моментов членува во повеќе национални и меѓународни комисии и тела  меѓу кои и форумот за ХИВ/СИДА при Европската комисија во Брисел.  Во рамките на Град Скопје е координатор на работната група за Намалување на штети од употреба на дроги. Има публикувано повеќе дела од областа на зависностите.

  Ирена Цветковиќ- член на жирито

Ирена е постдипломец по Родови студии на Институтот Евро Балкан во Скопје. Има работено како истражувач во многу проекти поврзани со медиа дискурс и дискриминација, маргинализирани групи и социјална инклузија. Била колумнист на македонскиот дневен весник Дневник , и нејзините колумни многу често ги покриваа проблемите на корисниците на дрога.