Општи услови
1. Кој може да учествува?
Новинарите од печатените, електронските и интернет медиумите во Бугарија, Франција, Унгарија и Македонија можат да се пријавуваат на овој конкурс.
2. Како се поднесуваат материјалите?
Медиумските експерти од партнерските организации во секоја земја ќе спроведат медиумско истражување за целиот период од 1 март до 30 септември. Тие ќе ги номинираат добиените материјали, откако ќе ги разгледаат резултатите од медумскиот мониторинг. Согласно ова, можете да ги доставите вашите материјали кон претседателството на националното жири во вашата земја, на следните адреси:
За Македонија: Ирена Цветковиќ; email: irenacvet@yahoo.com
На крајот од септември 2010, националното жири во секоја држава ќе ги разгледа пријавените материјали и ќе номинира 5 од нив. Во следната фаза од натпреварот, меѓународно жири ќе го избира најдобриот материјал на зададената тема за секоја од четирите земји учеснички.
3. Каков тип на материјали ќе бидат прифатени на конкурсот?
Сите типови на новинарски творби (печатени, интернет, радио, ТВ) посветени на социјалните и здравствените аспекти на употребата на дрога ќе бидат земени во обзир.
4. Кога можете да се пријавувате?
Конкурсот започнува на 1 март 2010 година и ќе трае до 30 септември 2010 година.
5. Според кои критериуми ќе се номинираат новинарските материјали?
Освен тоа што треба да се посветени на здравствените и социјални аспекти од употребата на дрога, жирито ќе ги разгледува материјалите и според следните критериуми:
- Посебен осврт на употребата на амфетамини;
- Акцент на употребата на дрога кај младите луѓе,
- Релевантност на материјалот,
-Новинарско знаење,
- Плурализам во ставовите,
- Етичност.
6. Која ќе биде процедурата за разгледување и избор на најдобрите материјали за секоја земја?
Конкурсот се состои од две фази. Првата фаза е на национално ниво. Националното жири кое се состои од медумски експерт, експерт за дроги и координатор од секоја партнерска организација, ќе избере и номинира 5 новинарски дела по земја. Изборот на материјали ќе се врши со темелен медиумски мониторинг во секоја земја во периодот од 1март до 30 септември 2010 година.
Следната фаза е меѓународна. Ќе се воспостави меѓународно жири (за повеке информации види англиска страница на натпреварот). Од петте новинарски материјали, номинирани од секоја земја (Франција, Унгарија, Македонија, Бугарија) меѓународното жири ќе го избере најдобриот материјал за секоја држава.
7. Која е наградата за четирите најдобри материјали по држава?
Ќе бидат доделени четири награди (1000 евра и сертификат) за секој новинарски материјал избран како најдобар во секоја од четирите земји, вклучени во проектот. Ќе се организира посебен меѓународен настан, каде номинираните и наградените новинари од четирите земји ќе ги добијат наградите од меѓународното жири. Настанот, номинираните и наградените новинари ќе бидат широко промовирани во јавноста.

With financial support from Drug Prevention and Information Programme of the European Union. This website has been developed with the assistance of the European Union. The contents inside are the sole responsibility of the implementing organizations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.