За кампањата
Проектот “Навлечени на Живот” претставува меѓународна информативна кампања за превенција и намалување на ризиците од употребата на амфетамини. Кофинансиран е од Управата за Општа правда, слобода и безбедност на Европската Комисија и вклучува организации од четири Европски земји:
- Фондацијата Иницијатива за Здравје, Софија, Бугарија
- Меѓународниот институт за здравствена грижа и здравствено осигурување, Софија, Бугарија
- Акции за граѓанско и здравствено образование - A.C.C.E.S., Марсеј, Франција
- Опции за здрав живот Скопје - H.O.P.S., Скопје, Македонија
- Сина точка – дневен центар и советувалиште за дрога, Будимпешта, Унгарија
Партнерите меѓусебно соработуваат и со своите релевантни агенции, за да создадат неколку информативни производи, со јасни и разбирливи пораки за употребата на амфетамин, насочени кон корисниците, професионалците, непрофесионалците кои се под влијание на проектот и општата јавност. Проектот се заснова на иновативен и креативен приод кон соработката со медиумите – новинари од четири земји ќе се обучат и мотивираат да ја разработат темата за употреба на амфетамини на соодветен и конструктивен начин.
Концептот за овој проект произлезе од растечкиот проблем на употребата на амфетамин во Европа, и особено во Источна Европа во последните неколку години, придружен со недостатокот од информации и интервенции насочени кон проблемот со амфетамините.
Идејата се појави во Бугарија како заедничко гледиште на една организација за намалување штети и еден медиум, обединети од концептот за изнаоѓање на вистинските канали за пласирање на правилни информации за дрогата во општеството. Врз основа на постоечката добра соработка на европско ниво, три други организации специјализирани во намалување на штети и/или интервенции во областа на дрогата, се придружија на идејата.
Проектот има две општи цели:
- Да придонесе за подобрување на информациите за употреба на дрога кај засегнатите заедници, медицинските и социјални професионалци, НВОи, медиуми, државата и локалните власти.
- Да ја спречи и намали употребата на амфетамини и екстази, зависноста и другите штети поврзани од употребата на дрога кај младите (15-34) во четири европски земји
Конкретно, проектот има за цел:
- Да ја зголеми соработката помеѓу невладините организации и медумите во областа на спречување и намалување на ризиците и штетите од употребата на амфетамини
- Да ги вклучи медиумите поактивно во информирањето на општата јавност за ризиците и штетите од употребата на амфетамини и екстази
- Да го зголеми знаењето на новинарите од областа на здравството за употребата на амфетамините и поврзаните ризици
- Да го подобрат квалитетот на информации во медиумите за амфетамините и нивната употреба како и поврзаните здравствени ризици
- Да ја зголемат свеста помеѓу експерименталните и рекреативни корисници на дрога (најчесто млади лица) за здравствените ризици и штети поврзани со амфетамините.

With financial support from Drug Prevention and Information Programme of the European Union. This website has been developed with the assistance of the European Union. The contents inside are the sole responsibility of the implementing organizations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.